ja_mageia

  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
Home

МАГ КОМЕРЦ е основана во 1994 година. Започнавме со опремување на мали продажни објекти и магацини.

Од година во година се надоградувавме и усовршувавме, а со секој нов проект добивавме нови знаења. Денес Маг Комерц нуди широк асортиман на производи од областа на метални сталажи, колички за пазарење, влезно излезни системи, каси, и друга дополнителна опрема за супермаркети, магацини, бутици, парфимерии, аптеки итн.

Желбата да создаваме убави и функционални објекти ни помогна да ја добиваме довербата на се поголем број задоволни клиенти, а со тоа и ја развиваме нашата мрежа на производи и услуги.

Денес сме официјални застапници на светските брендови: WANZL, TEGOMETALL, SCS, SSI SCHAFER, TRESTON, HL DISPLAY, GIBAM, ELEMENT SYSTEM. Сите овие европски фирми се со сертификати за квалитет.

Проектирање на идејни решенија за секаков тип на продажни објекти и магацини, професионална монтажа на нашата опрема се само дел од нашите услуги.

Денес Маг Комерц продолжува со следење на светските трендови и новитети во својата област.

Наша цел се успешни и задоволни клиенти!